По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа почесна артилериска стрелба, со која беше одбележана 34-годишнината од формирањето на Армијата на Македонија.


Почесната стрелба ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата, со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.


Претходно беше реализирана и пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната артилериска стрелба е дел од протоколните активности на Армијата по повод Денот на Армијата, кој се одбележува на 18 Август.

Екипата на 4NEWS.mk беше на терен и ја забележа атмосферата и моментите од почесната стрелба во касарната „Илинден“.