Гаши изрази длабоко сочувство по трагедијата во Кочани: „Нашите молитви и мисли се со сите погодени“

Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Во моето лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено
сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се солидаризираме со оние кои поминуваат низ овие тешки моменти. Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија“, вели Гаши.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното