Гејтс има нови предвидувања

Техно-претприемачот Бил Гејтс откри дека оние кои се занимаваат со наука, инженерство и економија ќе бидат барани во годините што доаѓаат.

Според него, тие се „агенти на промени за институциите“.

„Основните знаења во науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за постигнување кариера“, рече Гејтс.

Како што објасни, не треба да се биде експерт за програмирање, само да се има способност да се размислува на начин на кој тоа го прават експертите во овие области, пренесува порталот т.

„Треба да разбереме што прават и што можат, а што не можат“, рече ко-основачот на Мајкрософт.

За потсетување, богатството на Гејтс продолжува да расте и се проценува на 139 милијарди долари, а Џеф Безос и Илон Маск го претекнаа на листата на најбогати техно луѓе во светот.