Генерален штрајк во Грција

Генерален штрајк во Грција. Во прекин се јавните услуги, траектите останаа на пристаништата, летовите се приземјени, а јавниот превоз е со скратено работно време.

24-часовниот штрајк е на повик на главните синдикати кои ги покриваат јавниот и приватниот сектор.

Синдикалните организации бараат зголемување на платите и целосно враќање на правата за колективни договори кои беа укинати како дел од меѓународната помош за време на финансиската криза во Грција.

Демонстрации и протестни маршеви се закажани во поголемите градови во земјата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното