Германија ги „прогонува“ дизел возилата, ќе бидат забранети и на автопатиштата

Беше прашање на време кога Германија ќе ги „гони“ дизел возилата и на клучните делници на автопатиштата низ оваа земја. Германците во некои градови веќе ги забранија дизелашите, но „прогнувањето“ на загадувачите ќе се одвива побрзо од очекувањата.

Пред неколку дена градовите Бон и Келн веќе ги воведоа забраните за дизел моторите кои не ги задоволуваат нормите за чистота и испуштање на честички во воздухот. Одлучено е дека автомобилите со назнака „ЕУРО 4“ нема да може да се движат по центарот на овие градови од април идната година, додека по стандардите „ЕУРО 5“ нема да можат да се движат во овие градови од септември.

Такви планови најавија и челниците на градовите Штудгарт, Франкфурт, Мајнц, Ахен и Берлин, додека во Хамбург веќе е зафатен со забрана на дел од дизел возилата. Сега судовите по прв пат ја разгледуваат можноста да забранат движење и на популарниот „Автобан“. Конкретно ова се однесува на дел од делниците на областа „Рур“ која ја поврзува Германија со Холандија и тоа со почеток од јули идната година.

Извор: ТВ21