Германија: Нашиот систем за противвоздушна одбрана наскоро ќе пристигне во Украина

Германија ќе го испорача првиот од четирите ветени системи за воздушна одбрана од типот IRIS-T SLM на Украина во рок од неколку дена, потврди министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Новиот ракетен напад врз Киев и многу други градови покажува колку е важно Украина да се снабдува со системи за противвоздушна одбрана“, рече Ламбрехт.

„Руските напади со проектили и беспилотни летала особено го тероризираат цивилното население. Затоа сега испраќаме системи за противвоздушна одбрана во Украина“, додаде германскиот министер за одбрана.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното