Германија претстави нов тенк за источното крило на НАТО

Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави својот нов главен борбен тенк „Леопард 2A8“, кој ќе биде распореден со германските сили во Литванија во момент кога Европа ја засилува својата присутност на источниот фронт на НАТО, долж границата со Русија. Тенкот беше свечено претставен пред јавноста во Минхен на 19 ноември, на церемонија на која присуствуваше и германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пишува Newsweek.

Потполно нов дизајн

Според производителот, станува збор за целосно нов дизајн, а не за надградба на претходните платформи. Како и постарите верзии, Leopard 2A8 е опремен со мазноцевен топ од 120 мм и две митралези со калибар 7,62 мм. Европските земји долго време се потпираат на различни верзии од тенкот Leopard, а многу од нив донираа десетици тенкови Leopard 1 и 2 на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Зајакнување на германската бригада во Литванија

Токму новата 45. оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија прва ќе ги добие новите Leopard 2A8. Бригадата беше инаугурирана уште во мај од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а нејзиното формирање претставува прво трајно распоредување на германски трупи во странство од Втората светска војна. Се очекува бригадата до 2027 година да брои околу 5.000 припадници. Портпаролот на германското министерство за одбрана одби да открие точно колку тенкови ќе добие бригадата, повикувајќи се на воена тајна.