ГЕРМАНСКИОТ министер за одбрана денеска ги нарече неприфатливи критиките на американскиот потпретседател Џ.
„Американскиот потпретседател штотуку ја доведе во прашање оваа демократија, не само германската демократија, туку и демократијата на Европа како целина“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус на Конференцијата за безбедност во Минхен. „Ако добро го разбрав, тој ја споредува ситуацијата во Европа со она што преовладува во некои авторитарни режими, што не е прифатливо“, додаде тој.
Венс го искористи својот говор на безбедносната конференција за да ја критикува Европа за нарушување на слободата на говорот на нејзините граѓани и непочитување на волјата на гласачите.
Венс: Повеќе сум загрижен за заканите во Европа отколку надвор
„Се плашам дека слободата на говор е во опаѓање низ цела Европа“, рече Венс, правејќи паралела со цензурата на социјалните мрежи во САД, за што тој ја обвини администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. Говорејќи на годишниот собир на политички и воени лидери, Венс ги минимизираше надворешните закани за Европа, како Русија и Кина, велејќи дека е повеќе загрижен за заканите одвнатре.
Тој како пример го наведе поништувањето на резултатите од претседателските избори во Романија или фактот дека политичарите во Европа ги игнорираат гласовите на своите гласачи кои бараат построг став за миграцијата. Тој рече дека не треба да има „огнени ѕидови“ што ја спречуваат политичката соработка со европските партии кои одговараат на загриженоста на гласачите за имиграцијата.
Неговите коментари дојдоа една недела пред изборите во Германија и ветувањето на главните партии дека нема да дозволат екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), за која според анкетите ќе биде успешна на изборите, да ја преземе власта.