Стапката на невработеност во Германија годинава ќе се зголеми поради слабиот економски раст, се вели во прогнозата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ) во петокот.
Се предвидува дека бројот на невработени ќе се зголеми за 140.000 или 2,9 милиони во просек.
Истовремено вработеноста ќе се намали за 40.000, што значи дека ќе работат околу 46 милиони луѓе.
Од Институтот наведуваат дека закрепнувањето на бруто домашниот производ може да ја подобри состојбата на пазарот на труд во текот на годината.
Малку е веројатен значителен раст без државна интервенција, изјави економистот Енцо Вебер.
Сепак, фискалните стимулативни пакети кои се планираат можат да помогнат во зајакнувањето на економијата до крајот на годината.