Ги убил сестра си, деверот и нивните две деца? Граѓаните за шокантни детали од повеќекратните убиства во Цетиње

Според неофицијални информации Аца Мартиновиќ (жител на Цетиње) денеска во кафеана ги убил својата сестра, девер и нивните две деца.

„Немам зборови… Не ни се опоравивме од првото крвопролевање што го направи тој монструм Вук Бориловиќ кога уби 12 луѓе, меѓу кои и две мали деца, а сега го доживеавме ова. Цетиње ни е црно…“, велат за српски „Курир“ жителите на овој црногорски град и додаваат:

„Никој не знае што се случило. Демек си го убил семејството, утрото не му осамнало. Најдобро е да се убиеш некаде“.

Потсетуваме, вечерва Ацо Мартиновиќ направи крвава гозба во кафана во Цетиње, кога застрела четири лица, а потоа побегна. Како што напиша српски „Курир“, тој потоа пукал во две малолетни деца и една жена.

Како што соопшти премиерот Милојко Спајиќ, четворица се во болница на операција. Војската на Црна Гора е во готовност, додека за трагичната смрт е прогласена тридневна жалост.

Полицијата активно трага по напаѓачот, кој е вооружен и опасен, а граѓаните се апелираат да не излегуваат од своите домови.

Полицијата трага по Ацо Мартиновиќ: Во Цетиње убиени седум лица, меѓу нив две деца!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното