Ги убил сопругата и помалиот брат, а во тоа му помагала и мајка му – уапсен и маж кој не повикал полиција

Во Сараево се уапсени три лица бидејќи се поврзани со убиството на 38-годишна жена.

Полицајците од Сараево уапсија три лица осомничени за убиство, соучесништво и непријавување кривично дело откако во станот беше пронајдено безживотно тело на жена.

Според порталот Klix.ba, полициски службеници го пронашле телото на 38-годишната жена која беше убиена пред неколку дена во стан на улицата Колодворска. За убиството е уапсен нејзиниот сопруг (36), а за соучесништво е уапсена неговата мајка (76). Уапсен е и 67-годишен маж бидејќи не пријавил кривично дело.

Полицијата во станот пронашла предмети и траги на убиство, а телото на жената е пренесено на обдукција.

Сите се уапсени во службените простории на Управата на полицијата и по кривичната истрага ќе бидат предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.

Ова убиство е откриено откако маж во четвртокот вечерта во Сараево ги убил својот помал брат и неговата сопруга, а потоа ја запалил куќата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното