Гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време, одложувањето е поради големиот број на пријавени пратеници за збор.
На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.
Во меѓувреме, 1.500 полицајци го чуваат Парламентот во Атина од демонстрантите кои протестираат против ратификацијата.