Глобалните банки ќе укинат 200.000 работни места во следните три до пет години поради вештачката интелигенција

Глобалните банки ќе укинат 200.000 работни места во следните три до пет години бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) ги презема задачите што моментално ги извршуваат луѓето.

Анкетираните банки наведуваат дека ќе го намалат бројот на своите вработени во просек за три отсто, покажа денеска објавеното истражување на „Блумберг интелигенс“.

„Сите работни места кои вклучуваат рутински, повторливи задачи се изложени на ризик“, вели високиот аналитичар на Bloomberg Intelligence, Томас Нецел.

Според него, вештачката интелигенција нема целосно да ги елиминира гореспоменатите работни места, туку ќе доведе до трансформација на работната сила.

Банките, кои со години ги модернизираа своите ИТ системи за да ги забрзаат процесите и да ги намалат трошоците поради финансиската криза, влегоа во нова ера на алатки за вештачка интелигенција што може дополнително да ја подобри продуктивноста.

Осум од десет испитаници од банкарскиот сектор очекуваат дека генеративната вештачка интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста и генерирањето приходи за најмалку пет проценти во следните три до пет години.

Америка Сити Банк во јунскиот извештај наведе дека вештачката интелигенција веројатно ќе замени повеќе работни места во банкарската индустрија отколку во кој било друг сектор, додавајќи дека околу 54 отсто од сите работни места во банкарството може да се автоматизираат, пренесува Блумберг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното