Го напуштила манастирот затоа што се заљубила во учител и станала ѕвезда на филмови за возрасни

Хунди Пенеда од Колумбија имала 10 години кога по посетата на калуѓерките во нејзиното училиште, била донесена во манастирот.

Таму поминала осум години, а кога требало да стане една од калуѓерките, се се променило.

Причината? Љубов. И тоа – со учителот.

Од љубов кон него, Хунди го напуштила манастирот, отишла во Меделин и почнала да работи. Наскоро запознала маж кој барал девојки и жени кои ќе снимаат филмови за неговата платформа.

Не се работеше за „нормални“ филмови, туку за оние за возрасни.

Хунди беше на кастингот, помина и ја доби работата. Оваа девојка рекла дека еден свештеник се обидел да ја одврати од идејата, но безуспешно.

Својата нова кариера ја нарекува уметничка и вели дека нема ништо лошо во тоа.

Таа објасни дека ужива да глуми во филмови за возрасни, но дека сепак редовно оди во црква.