Го промени изгледот: Вака изгледа Јелена Спенџарска со новата фризура

Тв водителката на Канал 5 Јелена Спенџарска отсекогаш водела грижа за своето тело, начинот на исхрана и слично. Не е ни чудо со оглед на тоа дека во емисијата која таа ја води наутро постојано може да слушнеме совети за здравиот начин на исхрана колку е важно вежбањето, па кога имаш такви луѓе до себе греота е и да не искористиш по некој совет.

Таа е една од најактивните личности на социјалните мрежи, па на нејзиниот Инстаграм профил не ретко може да видите фотографии од нејзините секојдневни активности, што таа јаде, но и јавно покажува кога ќе добие некој подарок.

Дефинитивно, Спенџарска многу се грижи за својот изглед и убавина, па ако погледнете низ нејзиниот Инстаграм може да видите и разни фотографии на кои се гледа нејзината топ форма.

Кога станува збор за изгледот, Спенџарска овојпат направи промена, односно нејзината долга коса ја скрати.

Со новата фризура, водителката се пофали на Инстаграм и покажа како изгледа со пократка коса.

Изминатиов период таа се пофали и со својата нова фит фигура. Имено, водителката со водењето на здравиот начин на живот успеа да ослабне видно за разлика од претходното лето.

Извор: Вистина.мк

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното