Американски државјанин со кинеско потекло Суехуа „Едвард“ Пенг е уапсен во околината на Сан Франциско под сомнение дека работел како кинески шпион.
Пенг бил туристички водич, а истовремено како агент на кинеската влада доставувал доверлив материјал за американската национална безбедност од 2015 до 2018 година.
Пенг е приведен во петокот во Хејворд во Калифорнија, соопшти федералното обвинителство.
