Го славиме Преподобен Тома Малеин: Се верува дека на овој ден многумина доживуваат СПАС

Најпрво беше војвода, прочуен по богатството и по храброста. Во телото беше многу крупен и им задаваше страв на своите непријатели.

Но кога Го засака Христа повеќе од светот и сè што е во светот, остави сè и се повлече во пустина, се замонаши и се предаде на подвиг. Му се јави свети пророк Илија и го одведе на гората наречена Малеа, до Света Гора.

Овде тој живееше сам со Бога во деноноќна молитва. Иако се криеше од светот, не можеше да се сокрие.

Кога дознаа за светоста на неговиот живот, луѓето почнаа да доаѓаат кај него и да му ги носат своите болни. И свети Тома ги лечеше од секоја болест и неволја.

Се верува дека Свети Тома ги излекувал луѓето од секоја болест и ги избавувал од секоја неволја. На чудесен начин ја излекувал секоја болест, на слепите им давал вид, на сакатите им ја вратил способноста за право и лесно одење.

Едно од неговите чуда беше тоа што со молитва направи извор на вода на безводно место. Стоејќи на молитвата, пречесниот светна како огнен столб, кој од голема далечина го гледаа луѓе со прочистен разум.

А кога се престави кај Бога (во 10 век), неговите мошти продолжија да им помагаат на сите коишто со вера им притекнуваа.