Живот

Го славиме Светиот маченик Георгиј Кратовски

Го славиме Светиот маченик Георгиј Кратовски

Македонец од градот Кратово. По занает златар.

Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант.

Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија.

Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни