Годишната инфлација во САД порасна за прв пат по седум месеци.
Според извештаите, цените на енергенсите во САД паднале за 4,9 отсто на годишно ниво, првенствено поради падот на цената на бензинот за 12,2 отсто и падот на цената на мазутот за 20,8 отсто, но годишниот пад на цената бил помалку изразен отколку во септември.
Цените на храната го забавија годишниот раст на 2,1 отсто во однос на септемвриските 2,3 отсто, додека инфлацијата на домувањето остана стабилна на 4,9 отсто.
На месечно ниво, инфлацијата во САД се зголеми за 0,2 отсто
Годишната стапка на базичната инфлација во САД за октомври е 3,3 отсто, што е исто како и во септември, се додава во извештајот.
Високата инфлација во САД практично е скротена, но има многу фактори на ризик кои би можеле да ја поттикнат, како што се нестабилноста на Блискиот Исток, силната потрошувачка на домаќинствата или воведувањето увозни тарифи објавени од реизбраниот претседател Доналд Трамп, пишува Си-Ен-Ен. (Си-Ен-Ен).