Годишнина од уривањето на настрешницата во Нови Сад, студентите од 16 локации ќе се упатат кон железничката станица!

Студентите кои блокираат неколку факултети објавија на своите профили на социјалните мрежи дел од планот за комеморативен собир во Нови Сад, по повод годишнината од уривањето на настрешницата на 1 ноември, во која загинаа 16 лица.

Тие ги повикаа сите да се соберат во 10 часот наутро на 16 локации и оттаму да се упатат кон Железничката станица.

Локации

  1. Кампус на Универзитетот во Нови Сад
  2. Раскрсница на Булевар Ослобоѓења и Народног фронта
  3. Трг Слободе
  4. Рибниот пазар
  5. Варадински мост
  6. Раскрсница Булевар краља Петра I и Кисачка
  7. Емезета
  8. Кружен тек Клиса
  9. Новосадски саем
  10. Кружен тек на Булевар Европа и Корнелиј Станковиќ
  11. Раскрсница на Булевар Патријарха Павла и Футошки пут
  12. Кружен тек на Булевар Европа и Булевар Патријарха Павла
  13. Футошки парк
  14. Шератон
  15. Раскрсница Кеја и Марко Миљанов