Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја посетам Македонија!

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја посетам Македонија!

Пред почетокот на Вимблдон, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ испрати силна поддршка до македонскиот тенис. Освојувачот на бројни грен слем титули ја пофали Лина Ѓорческа за историскиот успех и најави дека во блиска иднина би сакал да ја посети Македонија.

Ѓоковиќ, кој во првото коло на Вимблдон ќе игра против Кинезот Јибинг Ву, во изјава за „Макфакс“ зборуваше и за пласманот на Лина Ѓорческа во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир на тревната подлога.

„Го следев настапот на Лина пред некој ден и можам само да ѝ честитам на успехот. Тоа е голем резултат за македонскиот тенис“, изјави Ѓоковиќ.

Тој изрази надеж дека успехот на Ѓорческа ќе биде дополнителен мотив за младите македонски тенисери кои сакаат професионално да се занимаваат со овој спорт.

Српскиот ас откри и дека има желба наскоро да ја посети Македонија, каде би сакал да се сретне со Лина Ѓорческа, но и со Калин Ивановски, со кого во повеќе наврати заедно тренираше.

„Наскоро сакам да ја посетам Македонија, па можеби ќе се сретнам со Лина и со Калин, со кои би можеле да организираме нешто заедничко“, порача Ѓоковиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни