Голем дел од Карпош без струја, ова е причината!

Поради испад во трафостаница, поголем дел од општина Карпош остана без електрична енергија. Засегнати се населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

Од ЕВН информираат дека нивните екипи се веќе на терен и интензивно работат на поправка на дефектот за што побрзо да се врати нормалното снабдување со електрична енергија.

Дополнителни информации за времетраењето на прекинот се очекуваат наскоро.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното