За четири дена откако е распишан повикот пристигнале 9.000 барања, а пари има за 7.000 домаќинства. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен.
За доделување ваучери за инвертер клима-уреди предвидени се 4,1 милион евра, 25.000 денари по домаќинство за домаќинствата кои живеат на територијата на пелагонискиот регион, југозападниот регион и 23.000 денари за домаќинствата на територијата на скопскиот, вардарскиот, југоисточниот, североисточниот и полошкиот регион.
Ваучерите граѓаните ќе ги добијат на домашна адреса, а ќе можат да ги искористат најдоцна до 30-ти ноември, односно до тогаш инвертерот треба да биде монтиран.
Министерството за економија на јавен оглас ќе одбере и фирми во кои со ваучерите и доплата ќе можат да се купат инвертерите. Продажните салони нема да смеат да ги зголемат цените на инвертерите.
Александра Велинова | МРТ