Попладнево полицијата спроведува голема акција при што претреси се вршат на повеќе локации.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево се влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители
Според информации на 4NEWS.mk претреси се прават во Платежната агенција. Додека нашата екипа беше таму, едно лице беше изнесено заедно со полициски службеници.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО ГОКК.
Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР по што преку „обележани“ банкноти земањето мито било фатено на дело.