МВР денеска спроведува голема полициска акција внатре во своите редови.
Според неофицијални информации на ТВ21, акцијата се однесува на претреси во зградата на Министерството за внатрешни работи, во рамки на истрага за можни злоупотреби на тендери за сервисирање на службени возила.
Претреси се извршуваат во канцелариите на повеќе началници и вработени во различни организациски единици на МВР. Акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност.
Во исто време, претреси се изведуваат и во неколку автосервиси кои во последните години ги сервисирале возилата на Министерството за внатрешни работи.