Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во Скопје спроведуваат координирана акција под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Според првичните информации, акцијата вклучува претреси на повеќе локации и е насочена кон лица осомничени за сериозни кривични дела како лихварство и перење пари.
Од ОЈО ГОКК потврдија дека акцијата е во тек и дека постои основано сомневање за инкриминираните активности. Тие најавија дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на оперативните активности на терен.
„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата“, изјавија од Обвинителството.