Една година по ветувањата, очекувањата и предизвиците, граѓаните ги кажуваат позитивните работи но и разочарувањаа за овие 12 месеци владеење.
Граѓанин: Можеше да се работи малку подобро, но секако не е тоа што се очекуваше бидејќи постоеше голема еуфорија дека ќе има големи промени, многу ќе се работи, не се случи тоа што се очекуваше!
Прашање: Што очекувавте и што не е сработено?
Граѓанин: Се очекуваше да има големи промени, начинот на владеење, застапеноста на Албанците во институциите но не….
Владата на ВМРО-ДПМНЕ/ВРЕДИ/ЗНАМ се конституираше на 23 јуни 2024, откако на изборите кои се одржаа на 8 мај ДПМНЕ излезе како прва сила со 58 мандати, коалицијата ВРЕДИ доби 14, додека Движење ЗНАМ доби 6 места во Собрание.