За време на археолошките истражувања во францускиот град Бордо беа пронајдени девет саркофази кои датираат од 5 до 8 век.
Пронајдени се и три гробници со ковчези од периодот од 11 до 13 век и четири гробници на отворено или во ковчези од периодот од 15 до 17 век, објави „Фигаро“.
Вкупно беа пронајдени меѓу 20 и 30 гробови.
Сите се откриени во превентивните археолошки ископувања при подготвителните работи за зазеленување на плоштадот Пјер Ронодел.
„Во средниот век гробиштата биле покрај црквите. Значи, ова се прилично нормални и класични наоди. Ги очекувавме бидејќи сме до /црквата/ на светиот крст“, изјави раководителот на превентивните ископувања во Бордо.
Таа наведе дека откритијата потврдиле дека околу опатијата долго време имало место за погребување и дека не се знае до каде се протегале гробиштата, но дека сега е утврдено дека се протегаат речиси до фасадата на црквата.
Градската управа најави дека посетите на локалитетот ќе бидат организирани од пролет, со цел жителите на Бордо да го разберат обемот на ова откритие и неговото историско значење.