Градоначалникот Ѓорѓиевски обелодени дека во јавните претпријатија на Град Скопје биле откриени речиси 400 лица (моментална бројка 398) кои биле на платен список, а воопшто не доаѓале на работа.
Според него, овие лица го чинеле буџетот на граѓаните најмалку 5 милиони евра годишно, или 20 милиони евра за еден четиригодишен мандат. „Тоа е Луна паркот кој што треба да го направиме“, рече Ѓорѓиевски.
Најголемата бројка на вакви случаи, околу 170 лица, биле евидентирани во „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.
Ѓорѓиевски категорично изјави дека „прошка и милост нема да има за никого“ и ги повика надлежните институции да влезат во претпријатијата и да ги истражат овие случаи, најавувајќи дека ќе бара одговорност без оглед на партиска, верска или национална припадност.
Тој најави дека списоците со имиња и презимиња на овие лица ќе бидат јавно достапни.