Ѓорѓиевски: Ќе поставиме мрежи во реката Вардар, пракса во сите развиени европски метрополи!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во изјава за телевизија Сител најави дека во соработка со општествено одговорна компанија е во тек постапка за поставување мрежи во текот на реката Вардар, со цел зачувување на речното корито и заштита на екосистемот.

„Во постапка сме со една општествено одговорна компанија да обезбедиме мрежи кои ќе бидат поставени во делот на течението на реката Вардар. Станува збор за мрежи кои нема да му пречат на живиот свет во реката, а вакви решенија се пракса во сите развиени европски метрополи,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој појасни дека проектот има за цел превенција на загадувањето и заштита на состојбата околу течението на Вардар, како и одржување на чистотата на водата и околината.

„Во наредниот период јавноста ќе биде запознаена со сите детали, но во процесот треба да се вклучат и централните институции, особено во делот на спроведувањето на казнените мерки,“ додаде градоначалникот.