Македонија

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и службите се мобилизирани, екипите остануваат на терен цела ноќ

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и службите се мобилизирани, екипите остануваат на терен цела ноќ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани по силното невреме што го зафати главниот град.

„Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека сите надлежни служби се ставени во функција за брза интервенција и заштита на граѓаните.

Од Град Скопје соопштија дека е воспоставена постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и останатите надлежни институции.

„Сите расположливи капацитети се ставени во функција, со цел спречување на поголеми штети и последици од невремето“, се наведува во соопштението.

Екипите на градските јавни претпријатија ќе останат на терен во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да бидат внимателни, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен.

Граѓаните на кои им е потребна помош или се соочуваат со итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687

„Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами“, порача Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни