Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека до денеска 500 лица се отстранети од работа во јавните претпријатија под надлежност на градот.
Според него, станува збор за вработени кои со месеци, па дури и со години не се појавувале на своите работни места, но редовно примале плата од градскиот буџет.
„Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години. Тука нема да има толеранција, а ќе има и одговорност!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека секој што чесно ја извршува својата работа ќе биде награден, а оние кои не ги исполнуваат своите обврски ќе бидат санкционирани.
„Ред во Скопје мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните, јас мора да го заштитам“, порача градоначалникот.