Ѓорѓиевски: Подземна сообраќајница и нов булевар ќе го растоварат центарот на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави голем инфраструктурен проект што, како што рече, ќе ја промени сообраќајната иднина на градот. Првата фаза опфаќа проширување на булевар „Македонија“ и улицата „Даме Груев“ во булеварско решение.

– Ова е вистински пресврт за центарот на Скопје. Новите кружни тека кај „Нова Македонија“, „Кочо Рацин“ и „Железничка“ ќе донесат побезбеден и поефикасен проток, според европски стандарди – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе добие прва подземна улица со шест ленти – четири за автомобили и две за автобуси.

– Со ова решение центарот ќе биде значително растоварен, а движењето низ градот побезбедно и покомфорно – додаде тој.

Ѓорѓиевски најави и изградба на современа катна гаража во Буњаковец и нови монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале.

На настанот присуствуваше и кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, кој рече дека заедно имаат јасна визија за развој на градот и дека ќе работат на подобрување на хигиената, безбедноста, паркирањето и вклученоста на младите.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.