Ѓорѓиевски повторно најави реорганизација на јавните претпријатија и чистење на градот!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово го оствари своето гласачно право во Драчево, во месноста Потстаница, Општина Кисела Вода.

Тој повторно порача дека доколку биде избран за градоначалник, првите чекори ќе му се реорганизација на јавните претпријатија, стабилизирање на нивната состојба и чистење на градот во првите 72 часа.

„Штотуку го остварив своето гласачко право. Како и во првиот круг, се надевам дека и во вториот круг ќе бидат мирни и демократски овие избори. Ова е празник на демократијата и се надевам дека до завршување на изборите се ќе биде во најдобар ред. Денеска се гласа за иднината на нашите семејства, за иднината на нашите деца и се надевам дека што помасовно ќе излезат граѓаните да го дадат својот глас“, изјави Ѓорѓиевски.