Македонија

Ѓорѓиевски: Со намален број камиони и автобуси заштедивме по половина милион евра за гориво, а градот добива 3.300 нови контејнери

Ѓорѓиевски: Со намален број камиони и автобуси заштедивме по половина милион евра за гориво, а градот добива 3.300 нови контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување на 4ТВ се осврна на моменталните предизвици со кои се соочуваат ЈСП Скопје и ЈП „Комунална хигиена“, нагласувајќи дека и покрај затечениот дотрајан возен парк, спроведени се сериозни финансиски заштеди.

Во однос на јавниот превоз, Ѓорѓиевски посочи дека во моментот на терен се активни над 200 автобуси, односно околу 50 повеќе во споредба со претходниот период.

Иако станува збор за стари возила набавени пред 10 до 15 години, со нивно ставање во функција е остварена заштеда од половина милион евра за гориво во рок од само шест месеци. Тендерската постапка за набавка на нови автобуси веќе е успешно завршена.

Слична заштеда од околу половина милион евра за гориво е остварена и во ова претпријатие, каде што наместо првичните 70, моментално на терен функционираат околу 50 камиони.

Ѓорѓиевски упати извинување до граѓаните за доцнењето со собирањето на отпадот, нагласувајќи дека наскоро се очекува пристигнување на нови камиони по одлука на Владата и итна седница на Советот на Град Скопје.

Покрај механизацијата, Ѓорѓиевски најави и решавање на проблемот со недостатокот на садници за отпад. Набавени се 3.300 нови контејнери по двојно пониска цена во споредба со минатите набавки, а нивната испорака и поставување на терен се очекува да започне во рок од 7 до 10 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни