Гори погон за рециклирање во Истанбул

Вечерва избувна голем пожар во фабрика за рециклирање пластика во Истанбул, јавува Anadolu.

Причината за пожарот што избувна во фабриката во населбата Тахтакале во областа Авчилар се уште не е утврдена.

Пламенот брзо се проширил поради пластичните материјали во зградата, а густиот чад го зафатил местото.

На местото на настанот се испратени противпожарни екипи од 20 различни области.

Пожарникарите презедоа мерки на претпазливост пожарот да не се прошири на соседната бензинска пумпа, а улицата каде што се наоѓа објектот е затворена за сообраќај и за пешаци од безбедносни причини.

Пожарот се гаси.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното