Големиот пожар што денеска избувна на планината Требевиќ над Сараево се уште не е ставен под контрола, потврдија од Територијалната противпожарна единица Источно Сараево.
Според последните информации, пожарот континуирано се шири и веќе зафатил значителен дел од шумската површина на оваа планина, која се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Босна и Херцеговина.
„Во моментов се води интензивна борба за да се спречи ширењето на пожарот кон станбените згради“, велат пожарникарите на терен, нагласувајќи дека ситуацијата се уште не е под контрола.