Балкан

Гори зграда во Албанија, заробени 40 лица, хоспитализирани 35 лица

Гори зграда во Албанија, заробени 40 лица, хоспитализирани 35 лица

Пожарот кој го зафати трговскиот центар во Лушње, Албанија, се прошири и на остатокот од 12-катницата. Медиумите јавуваат дека околу 40 лица останале заробени во катната зграда, додека 35 се хоспитализирани поради задушување од чад.

Меѓу оние кои се задушиле од чадот има две деца и двајца пожарникари.

Градската противпожарна бригада, со поддршка на противпожарната служба во Тирана, продолжува со гаснење на пламените јазици и евакуација на станарите од зградата.

Во гаснењето на пожарот учествувал и хеликоптер.

Пожарот кој првично избувна на вториот, третиот и четвртиот кат од трговскиот центар Метропол во Лушње се прошири и на становите на горните катови од 12-катницата.

„Над 20 лица се пренесени во болницата Лушња, додека брзата помош сè уште доаѓа и си оди. Во меѓувреме, не може да се изброи бројот на заробени лица во трговскиот центар, како и во зградите до зградата на трговскиот центар.

На местото на настанот пристигнаа и албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала , полицискиот директор Мухамет Румбулаку и неговиот заменик Ерион Браче .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни