Госпел вечер во Скопје: Stefani & The Upper Room со концерт на 30 март

Скопје ќе биде домаќин на вистинско музичко освежување – на 30 март во Македонската филхармонија ќе се одржи концертот на Stefani & The Upper Room, интернационален госпел состав предводен од Стефани Барбутова.

„Мојата мисија е преку музиката да допрам до срцата на луѓето. Госпелот не е само музички жанр – тоа е порака, енергија и верба“, истакнува Барбутова, која веќе две децении е активна во современата духовна музика.

Бендот е составен од врвни музичари од Македонија, Хрватска, Лондон и Барбадос, а оваа година на сцената ќе им се придружи и The Upper Room госпел хор. Публиката може да очекува спој на традиционални и модерни госпел композиции во уникатна изведба.

Концертот ќе започне во 19:00 часот, а билетите се веќе достапни на karti.com.mk. Не пропуштајте можност за несекојдневно музичко доживување што ќе ве исполни со радост и инспирација!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното