Македонија

Гостиварец двапати приведен во ист ден – правел неред на „Галичка свадба“, па пијан го нарушувал редот и во Гостивар

Гостиварец двапати приведен во ист ден – правел неред на „Галичка свадба“, па пијан го нарушувал редот и во Гостивар
Фото: 4news.mk

На 12.07.2026 во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го приведоа Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“.

Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир.

По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни