Актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиерот, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски се овогодишни добитници на престижната државна награда „23 Октомври“.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси, промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 23 октомври во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.