На следното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како сведок ќе се појави Гоце Трајковски, стариот кум на семејството Ѓорчевски, кој заедно со таткото Александар трагаше по исчезнатата Вања. Трајковски ќе има задача да објасни како и од каде ги набавил снимките кои подоцна ги предал на полицијата и како им укажал на работите на кои истрагата требала да се фокусира.
На првото рочиште, кога требаше да сведочи, Трајковски се оправдувал преку мајка му, Кираца Трајковска, дека не е во состојба да сведочи поради лошата психичка состојба. Меѓутоа, на следното рочиште, тој се најде во бегство поради извршување на кривично дело.
Откако неодамна се предаде во полиција, Трајковски се наоѓа во притвор во Шутка. Како што беше најавено, на следното судење, кое ќе се одржи в петок, конечно ќе биде присутен за да сведочи.