Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски забрани мобилни телефони во училиштата за време на настава.
Оваа информација ја објави Граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар, Шанса за Центар од каде велат дека конечно Герасимовски ја искористил шансата која му ја дале на 15-ти август 2023 година.
„После година и половина од нашиот предлог, забрана за користење на мобилни телефони за време на настава во основните училишта сега се радуваме дека го разбраа и оние што ни се потсмеваа. Не е лошо кога се слушаат предлозите, па макар и година и половина подоцна. Шанса искористена некогаш, е подобра од неискористена шанса“, велат од таму.