Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, вчера итно е префрлен во болница.
Како што јавуваат медиумите, Бандиќ завршил на интензивна нега на Клиниката за белодробни заболувања „Јордновац“ поради проблеми со белите дробови.
Пред еден месец Бандиќ скршил две коски во нозете, но одбил да му стават гипс поради тоа што не сакал таков да оди на средба со рускиот претседател Владимир Путин.