Градскиот превоз во Кочани повторно во функција од 5 ноември

Од 5 ноември во Кочани повторно ќе започне да функционира јавниот градски превоз.

Од локалната самоуправа на Кочани информираат дека превозникот има обврска за најмалку четири тргнувања дневно, од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред. За автобуски стојалишта се определени вкупно 63 локации, во Кочани и во приградската населба Оризари.

Патниците ќе плаќаат само 10 денари за едно возење, односно половина од сумата на чинење на билетот, а остатокот ќе го субвенционира општина Кочани според донесената одлука на општинскиот Совет.

Откако беше воведен како услуга, градскиот јавен превоз за прв пат се реализира по спроведена постапка за јавна набавка.