Автобускиот сообраќај во делови од белградските населби Жарково, Церак и Сремчица беше е запрен, пред 9 часот, поради замрзнатиот коловоз, објавија од агенцијата Бета.
Поради обилно паѓање на снег од утринските часови, проблемите во вска со јавниот превоз во Белград се големи поради неисчистените улици, а најлоша е ситуацијата на “Звездара”, “Цингирија”, како и на Банско Брдо, во улицата Благоја Паровица, каде што тимот на Белградскиот пат се наоѓа на теренот и го нормализира сообраќајот.
Генералниот директор на ГСП, Радиша Момчиловиќ, истакна дека автобуските линии се блокирани и не можат да стигнат до крајните станици. Патниците патот го продолжуваат пешки.
Сите белградски комунални служби се подготвени за најавените снежни врнежи, а во чистењето на снегот ќе бидат ангажирани околу 1.000 луѓе, изјави градоначалникот Зоран Радојчиќ.

