По одлуката на судот, кој изрече заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом Тетово за 20-годишниот обвинет што синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје усмрти 22-годишна девојка на пешачки премин, третирајќи го како помлад полнолетник, на социјалните мрежи започнаа повици за протест.
Во објава на Фејсбук, граѓаните повикуваат на собирање и блокада на булеварот како израз на револт кон судската одлука. „Утре, освен што ќе ги ‘бојкотирате’ маркетите, појдете на ‘Партизанска’, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот“, стои во повикот.
Оваа иницијатива предизвика бурни реакции во јавноста, при што многумина ја критикуваат одлуката на судот како неправедна и недоволно строга за тежината на делото.