Грчкиот европратеник Кулоглу: Преспанскиот договор засужува нобелова награда за мир

Грчкиот европратеник од Сириза, Стелиоз Кулоглу, во разговор за МИА рекол дека нема сомнеж дека Преспанскиот дговор ќе помине во Грција и смета дека истиот треба да добие меѓународно признание, кaко што е Нобеловата награда за мир. “Доколку зборувaте со некого во Европскиот парламент, од Левица или Десница, ќе ви го кажат истото. Дека Договорот е фундаментален за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу да придонесе за стабилноста на цела Европа.

И не само тоа, туку претставува модел за решавање на споровите, кој може да се искористи во други конфликти“, изјави Кулоглу. Европратеникот вели дека е обезбедено апсолутно мнозинство во Грчкиот парламент, вклучувајќи ја и поддршката од пратениците на националистичката партија и коалициониот партнер, Сириза, Анел, и покрај ставовите на лидерот Каменос.

Извор: ТВ21