Грчкиот Митрополит осуден на условна затворска казна поради говор на омраза

Митрополитот Амвросиос од грчкиот град Калаврита е осуден на условна затворска казна од седум месеци, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело како јавно поттикнување насилство или омраза и за злоупотреба на црковната служба.

Грчкиот митрополит во декември 2015 година објави текст во кој ги нападна хомосексуалците и побара од граѓаните да ги плукаат, а еден месец подоцна активисти за правата на ЛГБТ заедницата поднесоа тужба против Амвросиос за поттикнување насилство или омраза врз основа на Законот за борба со расизам и за злоупотреба на црковната служба. Во мај беше ослободен, но следеше жалба и вчера беше прогласен за виновен.

Извор: ТВ21