Грчкиот парламент попладне ќе гласа за ратификација на Договорот од Преспа, најавени нови протести во Атина

Денеска во Грчкиот парламент, продолжува расправата за ратификација на Договорот од Преспа помеѓу Грција и Македонија. Неговото гласање ќе се случи попладне, откако ќе заврши расправата. Тоа веројатно ќе се случи околу 14:30 часот, јавува дописничката на МИА од Атина.

Расправата почнува во 9 часот по локално време, а во 11 се закажани нови собири и протести пред грчкиот парламент против Договорот од Преспа.

Вчера во протестите беше запалено македонското знаме, а повеќе од 100 лица уапсени поради немирите во Атина.

Извор: ТВ21